НАУКА
Сѐ започна во 1956 година со црна роза – симболот на бескрајната убавина. Уште оттогаш, како пионер во професионалната нега на кожата, BABOR го диктира стандардот за истражувањата за нега на кожата, "произведенo во Германија". Денес, остануваме понесени од тој пионерски дух, со страст и ентузијазам трагаме по индивидуална убавина и совршенство.
ПРЕЦИЗНОСТ
Нашите прецизни формули се засновани на иновативни активни состојки. Нивниот ефект е зајакнат со професионалното знаење на естетичарите на BABOR во луксузните, индивидуално приспособени третмани, кои се создадени да обезбедат максимални резултати кај секој поединечно.
РЕЗУЛТАТИ
Во BABOR, нашите високо иновативни активни формули внимателно се комбинираат со ексклузивни методи на третмани за да дадат извонредни резултати и да овозможат неповторливо задоволство и уживање.
BABOR – Уметност на прецизната нега на кожата
BABOR наука и истражување
Формули за прецизност за максимална ефикасност и компатибилност
Наука и истражување се генетскиот код на BABOR:
Спроведуваме наши сопствени истражувања во централата на нашата компанија, за да може секој производ од оригинална идеја до затворена кутија со финален производ да има ознака - произведено во Германија.
Интердисциплинарни тимови на научници и соработници од реномирани универзитети и други водечки истражувачки институции овозможуваат BABOR да достигне најнапредни резултати при истражувањето и највисоки нивоа на ефикасност на активни состојки.
Таа комбинација доведува до резултати за восхит.
BABOR одржливост и одговорност
Неизмерно ја почитуваме животната средина
BABOR е посветен на околината и на заштитата на природата:
Користиме електрична енергија добиена на еколошки начин. Заштитата на околината доаѓа директно од приклучокот за електрична енергија. BABOR користи исклучиво природна енергија.
BABOR goes green:
Ги испорачуваме нашите производи од Ахен на начин кој не предизвикува создавање на јаглероден диоксид.
Полн погодок: Од почетокот на 2010 нашите рекламни материјали се печатат на хартија со FSC-сертификат.
Историја на BABOR
Можеме да се пофалиме со повеќе од 60-годишно искуство и знаење во козметичката индустријата
Револуцијата на убавина започна во 1955 година кога д-р Михаел Бабор го создаде HY-Öl® маслото за чистење, кое што подоцна стана еден од темелите на компанијата. До ден денес, тоа останува без конкуренција и е еден од најпродаваните производи на BABOR на сите времиња. Основањето на Dr. Babor GmbH во 1956 година во Келн го обележа почетокот на новата ера во професионалната козметика.