ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ


Бабор Македонија ја почитува приватностa на своите посетители и е посветен на зачувувањето на вашата онлајн безбедност со тоа што овозможува заштита на вашата приватност во секое време кога ја посетувате или остварувате комуникација со нашата веб страна.
Нашите Правила на употреба и Политика на приватност ви овозможуваат детално објаснување во однос на вашите лични податоци кои ни ги давате или до кои имаме пристап и ги зачувуваме. Оваа Политика на приватност се ажурира од време на време, па затоа треба повремено да се препрочитува.


1. Собрани податоци


1.1 Во текот на операциите на нашата веб страна, некои податоци можат да бидат зачувани и обработени. Начините на кои може да ги извршиме овие активности се следните:


• Податоците за вашата посета/посети на нашата веб страна и сите информации се зачувуваат. Тоа го вклучува, но не е ограничено на следното: информации за вашиот компјутер и за вашата посета и употреба на оваа веб страна (вклучувајќи IP адреса, географска локација, тип и верзија на пребарувач, оперативен систем, извор на препраќање, траење на посетата, прегледи на страни и навигација на веб страната).
• Сите апликации кои ги пополнувате на нашата веб страна ни овозможуваат да прибираме податоци, како на пример регистрација за информации или апликација за добивање на наши услуги, електронски известувања преку е-маил и/или билтен, Ние ги прибираме информациите кои вие ни ги давате со цел регистрација во нашиот систем, вклучувајќи име, презиме, адреса, телефонски броеви, е-маил адреси, регистарски броеви, слики, CV-а и сл.
• Доколку поради било какви причини комуницирате со нашиот персонал или веб страна, постои можност да зачуваме податоци.


2. Користење на вашите податоци од наша страна


2.1 Вашите податоци кои ги прибираме и зачувуваме ни помагаат да ги подобриме услугите кои ви ги нудиме. Личните податоци кои ни се поднесени преку оваа веб страна се користат за целите кои се специфицирани во оваа политика на приватност или во соодветните делови на веб страна.


2.2 Следната листа ги содржи сите случаи во кои би можеле да ги искористиме вашите податоци:


• Сите барања кои ги правите на нашата страна или ги упатувате до нашиот персонал ни овозможуваат пристап до податоците кои ни ги обезбедувате, а во врска со производите или услугите кои ги нудиме. Исто така, ние може да ви испратиме информации за производите и услугите за кои сте можеби заинтересирани, доколку за истото добиеме дозвола.
• Посветеност кон исполнување на договорите: Да ја исполниме секоја договорна обврска која ја имаме кон вас.
• Промените или подобрувањата направени на веб страната може да изискуваат употреба на вашите податоци, што подразбира и известување за новонастанатите промени.
• Веќепостоечките клиенти може да бидат исконтактирани во врска со продукти и услуги поврзани со која било операција која ја извршиле на нашата веб страна.
• Секој нов клиент може да биде исконтактиран од наша страна или од страна на трети субјекти доколку дал дозвола за такво нешто преку нашата веб страна. Ние испраќаме кореспонденции само доколку имаме ваша согласност.
• Секој кој не сака да даде согласност за употреба од страна на нашата веб страна или од страна на трет субјект ја има опцијата истото да го одбие. Штом ќе добиеме информација за одбивање на согласност од ваша страна, ќе ги отстраниме вашите податоци од сите листи за кореспонденција или кореспонденциите на трети субјекти.
• Ниту еден од вашите податоци кои сме ги добиле ќе има карактеристики кои можат да се идентификуваат. Информациите споделени со трети лица се само статистички. Нема да откриеме кои сте, туку ќе прикажеме само математички информации за нашите посетители.


3. Складирање на лични податоци


3.1 Одредени локации надвор од Република Македонија можат да бидат искористени за пренос на ваши податоци со кои сме се здобиле. Овие места за информации се за складирање или обработка на вашите податоци. Информациите кои ги споделуваме надвор од Република Македонија можат да бидат споделени со персонал кој работи на обработка и складирање на гореспоменатите податоци. Тука можат да бидат вклучени одредени операции како на пример процесирање на уплата или понуда на поддршка за потребите на услугите или продуктите кои ги добивате. Персоналот кој обработува и складира податоци може да работи за нашите добавувачи надвор од Република Македонија. Со поднесување на вашите податоци за употреба, вие се согласувате на ваквиот трансфер и складирање на податоци. Ние ги преземаме сите соодветни мерки за да обезбедиме безбедност на вашите лични податоци во согласност со оваа Политика на приватност.


3.2 Податоците со кои се здобиваме ќе бидат складирани на безбедносни сервери. Трансакциските податоци се криптирани за ваша поголема безбедност.


3.3 Ви напоменуваме дека електронските преноси на информации не се целосно безбедни. Не можеме да гарантираме целосна заштита и безбедност на податоци, но гарантираме дека ги преземаме сите неопходни мерки за да ги заштитиме податоците кои ги добиваме по електронски пат. Преносот на какви било податоци од ваша страна е на ваш сопствен ризик. Каде е применливо, само со внесување на лозинка ќе ви биде овозможен пристап до одредени делови на нашата веб страна. Вие сте одговорни за безбедноста на лозинките и за нивната доверливост.


4. Откривање на податоци


Повремено, постои можност да откриваме лични податоци на лица кои се дел од нашето друштво. Ова вклучува филијали, холдинг компании и какви било други подружници кои се дел од нашата дејност, доколку е потребно.


4.1 Откривањето кон трети лица може да настане поради следните причини:


• Продажба на дел или целата наша дејност на трети лица може да резултира со споделување на вашите податоци.
• Во секо време кога од нас законски се бара да откриеме информации за ваш и вашите посети на нашата веб страна.
• Можеби ќе откриеме одредени податоци со цел да спречиме измама или да помогнеме во спречување на измама со цел да го намалиме кредитниот ризик.


5. Линкови на трети субјекти


5.1 На нашата веб страна можат да се најдат линкови на трети субјекти. Овие линкови имаат свои политики на приватност со кои се согласувате при кога ќе кликнете на линкот. Ние не сме одговорни, ниту пак преземаме одговорност за линковите на трети субјекти. Нашата одговорност е само за нашата веб страна, па така не преземаме одговорност за линкови на трети субјекти бидејќи немаме контрола врз истите.


6. Контакт


6.1 Добредојдени се вашите прашања и коментари за оваа Политика на приватност и Сајтот. Можете да стапите во контакт со нас на:
ул. Илинден бр.74
1000 Скопје, Република Македонија
тел. 02/3176 739
моб. 078/393 315
[email protected]

Ви благодариме што избравте Бабор Македонија!
Со почит,
Бабор Македонија